Анѓелија Илиќ од Србија објави видео на ТикТок кое го воодушеви регионот.
Видеото го погледнале повеќе од 2,4 милиони луѓе, а Ангелија ја покажала трансформацијата од штала во вечерна тоалета.
Во спотот Ангелија најпрво е облечена во работна облека, а во следниот кадар е нашминкана, со средена коса и во бел фустан, подготвена да го прослави крајот на основното образование.
@_farma_ilic_ #agriculture❤ #rutevac #farmlife #fouryoupage ♬ original sound – _ti_i_ja_pod_zvijezdama
-Честитки, супер си! Убава и во двете комбинации – коментарите се под видеото.
Младата ученичка рече дека поминува со одличен успех, а заедно со училишните обврски успева да им помогне на родителите.
Пред и после училиште се грижи за кравите, а станува околу 5.
-Така научив од мала, станувам околу пет, го копаме сеното што подоцна им го даваме на кравите. Научив да ги молзам пред четири години. Не бев успешна веднаш, но подоцна успеав. Секоја си има свое име, наскоро ќе имаме и бикови – рече 15-годишната Ангелија и додаде:
-Сите мислат дека доаѓам да се сликам во штала, но тоа не е така, пренесува 24сата.хр.