Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Охрид, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил во 14 часот и 7 минути по локално време и бил на длабочина од 5 километри во Охридското Езеро.
– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Охрид и околината, со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, a со интензитет од III-IV според Европската макросеизмичка скала истиот е почуствуван во повеќе места од Охридско-Струшкиот регион, како и во дел од пограничните подрачја со Р. Албанија, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.