„Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме“, напиша извесен Изет Шулку на својот профил на Фејсбук пред два дена и објави видео.
Шулку се претставува како планинар, државјанин на Албанија , кој заедно со уште неколкумина објави видео во кое го симнува македонското знаме и го закачува албанското.
Погледнете го видеото:
На врвот Голем Кораб стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји Македонија и Албанија, но Шулку ја искина и налепницата и ја фрли.
ММС упати прашање до МВР за овој инцидент и дрскост на планинарите, но од таму се уште нема одговор.