Естонската „челична дама“ и „адвокатот во чевли на политичар“ – вака медиумите ја опишуваат Каја Калас, првата политичарка од Естонија која би можела да дојде на функцијата шеф на европската дипломатија на местото на Жозеп Борел.
Каков однос ќе има Калас, функционерката која е позната по антирускиот став и колку ќе се промени состојбата во Европа, според оценката на соговорникот на српски Курир не зависи толку од неа, колку што зависи од претстојните претседателски избори во Америка, кои ќе се одржат во ноември.
Биографија
Поранешна премиерка со руска потерница
Каја Калас е позната по силниот антируски став, а претходно зборуваше дека се залага за проширување на ЕУ. Таа е првата политичарка од Естонија која би можела да дојде на функцијата шеф на европската дипломатија доколку нејзиното именување го потврди Европскиот парламент. На местото на кое таа би го заменила Жозеп Борел би била надлежна за посредување во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Како еден од најотворените критичари на Русија во ЕУ, откако почна војната во Украина, таа се залага за воведување санкции против Русија
Русија пак, во февруари годинава распиша потерница против Калас поради нејзините напори за отстранување на споменик од Втората светска војна во Естонија.
На мета на критика таа се најде и ланската година кога локалните медиуми открија дека нејзиниот сопруг е вмешан во работата на компанија која ја продолжила работата во Русија иако естонската премиерка ги критикуваше оние кои продолжиле да тргуваат со Москва.