Австриската полиција му ја одзела возачката дозвола и привремено му го конфискувала возилото на македонски државјнанин, кој близу Виена возел со брзина од 205 mk/h.
Полицијата го следела со своето цивилно патролно возило и со помош на радар и видео снимка било утврдено дека возачот се движел со 205 километри на час кога бил запрен во областа Виена-Аухоф.
Според полициската управа на покраината Долна Австрија, возачката дозвола му била одземена поради преголема брзина и по консултација со управата на областа Сент Полтен, автомобилот привремено бил задржан.