ЦУК вечерва информира дека преку eдинственствен повикувачки број за итни случаи 112 добиле пријава за падната карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на Касарна „Илинден“, во Скопје.
Регионалниот ЦУК Скопје известува дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај, по што, како што велат, мерки ќе преземе Градот преку своите служби.