Холандскиот премиер Марк Руте денеска, откако беше официјално назначен за следен генерален секретар на НАТО, изјави дека Алијансата ќе остане камен-темелник на колективната безбедност на нејзините членки.
„Извонредна чест е да се биде назначен за генерален секретар на НАТО. Алијансата е и ќе остане камен-темелник на нашата колективна безбедност. Водењето на оваа организација е одговорност што не ја земам лесно“, напиша тој на платформата X.
Руте на 1 октомври ќе го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар.
Мандатот на Столтенберг од 2014 година, кога првпат беше именуван, досега беше продолжуван четири пати.
Амбасадорите од 32 земји на НАТО ќе го ратификуваат назначувањето за време на состанокот на Северноатлантскиот совет, политичкото раководно тело на Алијансата, во Вашингтон на 9-11 јули.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)