Оскар Ферс бил како и секој тинејџер. Имал активен живот, тренирал фудбал во Вест Хем и имал одлично здравје. Меѓутоа, пред две години тоа се променило.
Оскар почнал да добива панични напади, сериозни главоболки и забрзана работа на срцето. Неговата загрижена мајка Натали го однела кај повеќе лекари, кои сметале дека симптомите се последица на проблеми со менталното здравје и го советувале да оди на психолог – пренесува Дејли меил.
Откако поминале осум месеци во кои лекарите сметале дека момчето има анксиозност и мигрени како последица на прекумерната употреба на мобилниот телефон, Оскар конечно ја добил вистинската дијагноза. Вистината била страшна – тој имал рак на мозокот, односно редок облик на канцер кој влијае и на ‘рбетот.
„Докторкот кој конечно го прати Оскар на магнетна резонанца не можеше да верува кога му раскажавме што сѐ ни кажуваат претходно неговите колеги. А снимката покажала дека туморот најверојатно се создал уште пред две години“, раскажала Натали Ферс.
Статистиката покажува дека во просек, кај 50 деца во Велика Британија се развива овој тип на рак. Симптомите вклучуваат повраќање, напади и отекување на главата. Проблемот е што овие симптоми се слични како и симптомите преку кои се манифестираат одредени други болести.
Во таков случај вообичаено се користи терапија со радиозрачње, додека хемотерапијата се смета дека не е доволно ефектна.
Стапката на преживување кај овој вид рак е над 60 проценти кај децата, а Оскар во моментот се чувствува добро. Меѓутоа, неговата мајка ги обвинува лекарите бидејќи не го дијагностицирале порано.
„Никогаш нема да си го простам тоа што му велев да се сврти на другата страна секогаш кога ќе се пожалеше на болка во раката. Но никој не ме слушаше. Никој не може да ме убеди дека е можно еден лекар, проблемите со паника и ненормално брза работа на срцето да ги припише на ментални проблеми. Дури кога им кажав на лекарите во очај дека Оскар умира тие го пратија на магнетна резонанца. Потоа ни рекоа дека сме му го спасиле животот на нашиот син. Во моментот продолжуваме да се бориме“, порачала мајката.