Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 699 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,87%, а 44,13% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Што се случуваше вчера во Тетово и Скопје?
-Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во 16:35 часот попладне имаше локална појава на пороен дожд грмежи силен ветар и град. На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена информација за пријава на голем број настани во врска со последиците предизвикани од невремето. На повеќе улици на градот забележено е поплавување на голем број подрумски простории, поплавување на улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, наноси од песок, оштетени инсталации од куќи, оштетени фасади, заглавени возила, одрони на патот…. За настанатата состојба известени се сите надлежни институции, кои интервенираа и се уште интервенираат во отстранување на последиците од невремето етапно, согласно пријавите, а секако нивните работни процедури. Заради невремето половина од градот Тетово беше без електрична енергија. ЕВН Македонија известуваат дека во моментот се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред ќе се пушта електрична енергија дел по дел. Изразено во бројки, планинските села и 60 тина проценти од Тетово има електрична енергија, а останатото етапно ќе биде вклучено во наредните часови,информираат од ЦУК.
Од Сообраќајна Полиција известуваат дека се регулира сообраќајот во градот на места каде што има поголеми штети од невремето се со цел да се обезбеди екипите да интервенираат во санирање на штетите.
-ТППЕ Тетово известува дека состојбата со невремето во тетовскиот реон е смирена но моментално се работи на отстранување на последиците настаната од невремето. На терен се 22 пожарникари со 15 пумпи и целокупна механизација. Етапно и континуирано се чистат сите поплавени подруми, гаражи, куќи, објекти и други поплавени површини. Се интервенираше до доцна во ноќта и секако и денеска интервенциите продолжуваат се додека не се среди целокупната состојба од поплавите. Сите патни правци се проодни. На одредени места на коловозите има наноси од кал, песок, камења и друг материјал, што го забавуваат и отежнуваат сообраќајот, се вели во информацијаа од ЦУК.
Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во невремето што го зафати територијата на Град Скопје со обилни врнежи од дожд на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнале голем број пријави за паднати дрва, поплавени улици во повеќе скопски населби, поплавени куќи и гаражи. -Конкретно, до утрово, има 42 пријави беа за паднати дрва на повеќе локации во градот што беа веднаш известувани континуирано дежурните во ЈП Паркови и Зеленило на Град Скопје. Случаите за поплавените улици беа испратени до дежурната служба на ЈП Водовод и Канализација. Четири случаи за проблеми со напојување со електрична енергија, од кој еден за трансформатор што опасно искрел во Зелениково и за паднати бандери беа препратени до ЕВН Дистрибуција. Пријавени се оштетени возила и поплавени куќи. Станува збор за приватен имот и доколку од страна на општините во наредните денови се прифатат настанатите штети ќе бидат дополнително пријавени, велат од ЦУК.
Наспроти итните случаи предизвикани од пороен дожд со град, проследен со ветер, во дел државата имаше и 15 пожари на отворен простор, од коишто два се уште се водат како активни.
-Активните се пожарите во Општина Ново Село, на месноста „Хаџиица“ на високо на Беласица, близу државната граница, каде гори букова шума.. Изгаснатите 13 пожари биле во општините: Илинден: с.Мралино (каде што горела ниска вегетација); Сарај- селоГрушино (ниска вегетација); Прилеп- Нови Гробишта (ниска вегетација); Валандово- селоСобри (ниска вегетација); Кичево- село Цер (ниска вегетација и нискостеблеста шума); Кочани- село Градовци (ниска вегетација и багрем); Куманово- село Грушино (жито); Велес, кај населбата „Превалец“ (ниска вегетација); во Општина Градско два пожара, кај село Виничани (ниска вегетација и ниска шума) и кај село Уланци (ниска вегетација и жито). Во Општина Свети Николе имало три пожари, кај селоГоробинци (ниска вегетација), село Ерџелија (нискостеблеста шума) и кај местото „Стара градинка“ (каде што горела ниска вегетација), велат од ЦУК .