Во оперативниот центар на Центарот за управување со кризи пристигнати се околу 70 пријави претежно за паднати дрвја во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во општините Бутел и Ѓорче Петров.
Сите пријави се пренесени на надлежни институции, соопштија од ЦУК.
Во населбата Автокоманда се сруши дел од оградата од мост заедно со рекламно пано. Конструкцијата паднала врз две возила во движење, а засега нема имформации за повредени лица. Сообраќајот е во застој, возилата се пренасочуваат кон населбата Маџари, информира 360степени.мк