ЦУК информира за силно невреме во Тетово, кое предизвикало поплава и штети, а побарано е и исклучување на електричната енергија.
-Во 16.30 часот територијата на Тетово ја зафати невреме проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути. Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од пеесетина куќи и објекти во пониските делови на градот. Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналните преторијатија се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите, информираат од ЦУК и додаваат:
-Од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во цело Тетово. Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади, но и штети во урбаните средини , оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила…. Штетите ќе се проценуваат дополнително. Од ЕВН инфирмираат дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба, информираат од Центарот.