Директорката на прилепската болница, Кети Смилевска за ММС ја потрди смртта на осум месечното бебе од Прилеп, кое вчера почина на пат за Клинички центар во Скопје.
Таа за ММС рече:
-Бебето е донесено вчера во многу тешка здравсвена состојба. За неговата состојба и лекарката веќе има дадено изјава пред инспекторите, а освен тоа не било ниту заведено во матична книга на родените. Било болно и неухрането, тежело само три килограми, а имало осум месеци. Се е превземено во прилепската болница и веднаш е испратено со Брза помош за Скопје. Но, за жал пред да стасат на Клиника починало. Лекарите во Прилеп и екипата на Брза помош по пат се направија, но за жал не успеја да издржи. Вчера го донела неговата мајка. Го прегледал лекар педијатар и веднаш го испратил во повисока установа, изјави за ММС директорката на прилепската болница, Кети Смилевска.
Ова било трето дете во семејството. Утре ќе се изврши обдукција на телето.