Најновото истражување на невладината организација ЕВГ или Environmental Working Group покажа кои видови овошје и зеленчук се највалкани, односно со најголема количина пестициди.
За да ја направи листата, невладината анализирала повеќе од 45.000 различни видови овошје и зеленчук. Истражувањето покажало дека поради грижата за чистотата на овошјето и зеленчукот некои луѓе се откажуваат од конзумирање на оваа храна, а тоа е всушност една од најлошите одлуки што може да ги донесат.
Листа на највалканите видови овошје и зеленчук:
Јагоди
Спанаќ
Кељ
Праски
Круши
Јаболки
Грозје
Пиперка
Цреша
Боровница
Грав
Домат
Конзумирањето овојше и зеленчук е исклучително важно за здравјето, но макар и да ги измиете, пестицидите кои тие ги содржат нема да бидат целосно отстранети. Но во секој случај, и овошјето и зеленчукот треба добро да ги измиете пред да ги конзумирате за да избегнете какви било реакции или алергии
Како правилно да ги измиете?
Миењето може да ги намали, но не и целосно да ги елиминира пестицидите. Лупењето на овошјето и зеленчукот секогаш кога е тоа можно, исто така може да ги намали остатоците од пестицидите. Но дури и кога ќе ги излупите ваквите намирници, потребно е да ги измиете, бидејќи со ножот со кој сте ги лупеле може да се пренесат пестицид на овој дел кој се јаде.
Истражувањето покажува дека миењето на свежите производи со четка и под силен млаз студена вода е подеднакво ефикасно како и употребата на оцет, со цел да се намалат бактериите.
Кељот, спанаќот и останатиот лиснат зеленчук најдобро е да го миете така што ќе го потопите и ќе го оставите во вода барем неколку минути. Методот со употреба на сода бикарбона е исто така многу ефикасен бидејќи ги елиминира пестицидите, но и остатоците од земја.