ЦУК иформира дека од граѓаните има пријава за видени змии и во населени места. Но, според ЦУК, нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отстранување.
-Порано кога дежурните немаа никакви информации за некој што отстранува змии за да посочат каде може да се обратат негодуваа и се лутеа, а сега кога дежурните имаат информации и кога ќе им се даде контакт на лица кои можат да отстрануваат змии граѓаните се лутат што тоа не е бесплатно. Но, поголемиот дел граѓани, покажуваат разбирање за тоа, како и дека не може во сезона на пожари пожарникарите да се користат секогаш плус и за такви специфични и ретки итни случаи, информираат од ЦУК и додаваат:
-Почестата појава на змии во населени места индицира дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво специјализирани институции од ветеринарната област пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните за одбивање назмиите со различни еколошки средства, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации, посочуваат од Центарот