Улогата на човештвото во деструктивното затоплување на планетата е еквивалентна на метеорот што ги уништи диносаурусите нa Земјата, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
-Како метеорот што ги збриша диносаурусите, ние имаме големо влијание. Во случајот со климата, ние не сме диносаурусите. Ние сме метеорот. Ние не сме само во опасност. Ние сме опасноста, рече Гутереш во Њујорк.
Откако дојде на функцијата генерален секретар на ОН во 2017 година, Гутереш ја стави борбата против климатските промени за еден од своите приоритети.
Тој во една прилика изјави и дека ние луѓето „не сме во хармонија со природата, напротив, свириме многу поинаква мелодија, а таа е какофонија на хаос свирена на инструменти за уништување“.
„Со нашиот незаситен апетит за неконтролиран и нееднаков економски раст, човештвото стана оружје за масовно уништување на планетата“, предупреди тој на почетокот на конференцијата во Монтреал пред две години, за која рече дека е „можност да се стави крај на оваа оргија на уништување“.