Сезоната на јагодите веќе почна и луѓето почнаа од пазарите и пиљарите да го купуваат ова овошје, кое нуди вистинско уживање. Сепак, јагодите може да бидат полни со пестициди – предупредува нутриционистката, Бранка Мирковиќ.
„Јагодите и малините се нутритивно многу здраво, но чувствително овошје, со краток рок на траење. Особено нашите автохтони сорти кои имаат далеку подобар вкус и подобри нутритивни вредности од увозните, кои на некој чуден и неприроден начин траат долго, убаво изгледаат, но се со многу лош вкус. Тие секако се прсскаат и хемиски се третираат за да останат свежи подолго време. Можно е да се отстрани мал дел од хемиите со кои се третирани, но бидејќи се работи за чувствителен плод, невозможно е да се примени агресивно отстранување на вишокот хемии со кои се третирани. Краткотрајното потопување во вода, миење со поголема количина вода, евентуално со некој хемиски додаток, но генерално без голем резултат“, вели нутриционистката Бранка Мирковиќ.
„Најдобро е да се купува од локални производители во време на сезона, тоа е единственото за кое сме во можност да го направиме и секако мијте го овошјето со повеќе вода“, советува таа.
Миење на овошјето и зеленчукот
„Со миењето со вода или разни додатни средства може делумно да ги отстраниме хемиските производи со кои се третираат овошјето и зеленчукот. Овошјето и зеленчукот се хранат од земјата и сите хемиски третмани кои се ставаат в емјата е невозможно да се отстранат. Хемиските третмани со кои се прскаат плодовите исто така, влегуваат во самиот плод и делумно може да се отстранат од површината. Најголемиот проблем лежи во тоа што нестручно и претерано се прскаат и овошјето и зеленчукот, односно не се почитуваат правилата во однос на тоа колку време треба да помине од прскањето до берењето“, објаснува нутриционистката.
Спред неа, не е тајна дека производителите имаат производи за себе и призводи за продажба.
„Денес е вистинска привилегија да имате доверлив и квалитетен производител. Остварете контакт, бидете постојан купувач и ако е потребно, платете еден дел однапред бидејќи и самите производители имаат нелојална конкуренција од увозниците“, советува Мирковиќ.
Извор: informer.rs