Неколку лица во германскиот град Манхајм, меѓу кои и десничарски антиисламски активист, се повредени кога напаѓач ги избодел, соопшти полицијата.
За Билд е потврдено дека се работи за конзервативниот политичар и антиисламист Михаел Стурценбергер (59).
На снимката се гледа како маж вооружен со голем нож се нафрлува на друг маж пред и двајцата да паднат на земја. Разбеснетиот напаѓач ја избодел својата жртва неколку пати во лицето, вратот и градите.
Allahu-Akbar: Islam-Kritiker Michael #Stürzenberger wird bei einer Kundgebung in #Mannheim von einem streng gläubigen Messer-Moslem abgestochen!
Auch ein Polizist bekommt einen Stich in den Hals.https://t.co/gPPKqrXkkK pic.twitter.com/5ZW1PvzFbW
— Hartes Geld (@Hartes_Geld) May 31, 2024
Полицијата во Манхајм го соопшти инцидентот, велејќи дека биле нападнати неколку лица.
„Едно лице нападнало неколку лица со нож и ги повредило. Засега не може да се даде информација за степенот и тежината на повредите. Потоа против напаѓачот било употребено огнено оружје. Повреден е и напаѓачот. Службата за спасување и итната помош , како и спасувачкиот хеликоптер Јавноста не е во опасност“, се вели во соопштението на германската полиција, пренесува мондо.рс.