Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 0,50 денари за литар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар. Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,176 денари за килограм, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 95 82,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе изнесува 84,50 денари, дизелот ќе се продава по 73,50 денари, екстра лесното масло 73 денари, а мазутот ќе чини 42,453 денари.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...