Сино – бели, во боите на Нова демократија, заедно со логото на партијата, се новите (партиски) патики што ги доби грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и самиот ги претстави на Тик ток, јави дописничката на МИА од Атина.
Во видеото, Мицотакис ги отпакува, презентира, но и ги пробува патиките Нова демократија.
-Многу се добри, коментира Мицотакис додека ги пробува новите патики во неговиот кабинет во премиерската палата.
@kyriakosmitsotakis_ Επιτέλους!
♬ original sound – Kyriakos Mitsotakis
Со оглед на тоа дека во Грција пред неколку години се појавија ПАСОК патики, со сонцето што е заштитен знак на партијата, сега Мицотакис во видеото вели дека им биле „љубоморни на ПАСОК‘, но веќе и Нова демократија доби свои патики. МИА