Техничката влада на Хрватска одржа седница на која претставникот Андреј Пленковиќ најави дека ќе го наградат својот претставник на Евровизија Бејби Лазања со 50.000 евра.
„Убава тема на крајот, која го израдува хрватскиот народ и искрени честитки до Марко Пуришиќ за неговиот фасцинантен успех. Тој освои најголем број гласови од публиката. Ова е фасцинантен успех и резултат и искрено му благодариме, му благодариме и на Градот Загреб за одличниот пречек, како и на Умаг. Му посакуваме многу успех“, изјави Пленковиќ, пренесува Н1 Загреб.
Владата одлучи за неговиот успех, додаде тој, и „особено за огромната промоција, да му додели парична награда од 50.000 евра“, пренесува Н1.рс.