Претседателката Гордана Силјановска- Давкова во денешниот говор на инаугурацијата во Собрание, откри дека роденденот го поминала со амбасадорката на САД, Кристина Агелер. Таа на 11 мај го прослави 71 роденден.
-Време е за единство. И затоа реков ќе им се обратам на жените, бидејќи единството може да значи и женска филозофија и автентичност. Бидејќи, ние умееме да се грижиме не само за себе, туку за сите. Среќна сум што деновиве првите честитки дојдоа од жени. Имав телефонски разговор со претседателката на Словенија. Нема да верувате, роденденот го поминав со амбасадорката на САД, во еден женски разговор. Тоа се нешта што ќе ги носам со себе. Првите честитки дојдоа од мои колешки од сите континенти, од сите области, рече претседателката.