Македонскиот бенд Brass Brothers ја претстави својата нова песна „I Wanted More“, која ја направи во соработка со Мијата, пејачка со избонреден глас.
„Со големо задоволство ја споделуваме нашата најнова песна, насловена “I Wanted More“, создадена во соработка со македонската пејачка и кантавторка MIYATTA. Ова е наша прва соработка со македонски изведувач, и со нетрпение очекуваме наскоро да ги претставиме нашите нови песни и нови соработки со други македонски изведувачи. Ни беше задоволство да соработуваме со MIYATTA. Нејзиниот уникатен вокален стил ни донесе поинаква перспектива и ја дополни енергијата која сакавме да ја пренесеме преку ова музичко парче“, објави бендот на социјалните мрежи.
“I Wanted More” не само што ја отсликува, како што велат, нивната еволуција, туку и личните емоции што секој од нив ги вложил во создавањето на ова дело.
„Во оваа прилика на MIYATTA и посакуваме успешен концерт на 15 мај во Малата Сала на Филхармонија во рамките на Скопски Градски Фестивал“, велат од Brass Brothers.
Песната “I Wanted More“ е дел од нивниот втор албум “We Are Energy“.
Музиката и аранжманот се дело на Горан Мицевски Кус, фронтмен и тромбонист во Brass Brothers, додека текстот е на Наташа Мијат Крстевска MIYATTA.