Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 08.05.2024, пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси возило, во обложувалница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...