Лажен сертификат за познавање на англиски јазик од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија, директорка на градинка од Велес употребила како доказ при аплицирање на Јавен оглас за избор на директор, по што и била именувана на функцијата.
-Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес и’ поднесе кривична пријава на М.В.(44), од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик, стои во соопштението од МВР..
Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на огласот