Универзитетскиот професор на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, Страшко Стојановски гостуваше во најновото издание на поткастот „Да не се лажеме со Хаџи Јанев“, емитувано на националното радио Канал 77. Тој говореше за социјалната стабилност во ек на геополитички натпревар, а се осврна и кон предизвикот како да се дојде до поголема рамнотежа на глобален план.
Според Стојановски, граѓаните е неопходно да имаат поголема можност во носењето на политиките, слободно без влијание од политиката или реформите имплементирани на државните власти, бидејќи како што вели, на хартија сè уште имаме модел од 90 години и влијание од доминантни политички субјекти.
- Политичката култура во земјава не партиципативна, градиме нешто што е спротивно во светот и сме останати во 90 години. Ова се темели на вредностите кои претходните генерации од поранешна Југославија ги пренеле на идните, не знајеќи дека тие ја имаат загубено својата младост жиеејќи во систем во кој сметале дека поседува позитивни вредности. Недостига партиципативност, која подразбира граѓанинот да биде прашуван во континуитет, а не само да му се даде правото на глас на избори, вели Стојановски.
Според него, македонските граѓани не покажуваат иницијативност за прашања од општ јавен интерес.
- Граѓаните во овој систем интересот го покажуваат единствено во ситуација кога се загрозени, или кога им е загрозена нивната потесна околина, неуспевајќи да го препознаат општиот јавен итнерес! Клучен фактор е недостатокот на социјален капитал, а тоа е довербата, која сведочи дека граѓаните не си веруват меѓусебе, не веруваат во институциите, ниту пак веруваат во политиката. Додека премногу очекуваат од државата, сè повеќе ја губат меѓусебната доверба, потенцира Стојановски.
Целосниот разговор со универзитетскиот професор по социологија Страшко Стојановски на линкот подолу.