Беше вистинско задоволство да се биде дел од концертот на „Ареа“, кој се одржа вчера вечерта во Филхармонија, да се доживее нешто поинакво, акустично и полно со љубов. Нешто што не сме навикнати да го гледаме од овој бенд, кој 30 години успешно чекори на македонската рок сцена.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2024/04/area-koncert-5-photo-vangel-tanurovski_mms-1024x847.jpg)
Беа испеани 23 нивни хитови од стари и нови албуми, вкупно седум, колку што досега ги имаат снимено. „Чувај ме ти“, „Те спомнувам“, „Дали можеш“, „Биди мој“..,
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2024/04/area-koncert-21-photo-vangel-tanurovski_mms-1024x748.jpg)
потоа „Фрекфенција на љубовта“, „Љубов е“, „Рашири крилја“.. и како се редеа понатаму песните, така атмосферата се загреваши, а публиката не го штедеше аплаузот и овациите.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2024/04/area-koncert-24-photo-vangel-tanurovski_mms-1024x670.jpg)
Два часа Ружица не водеше низ времепловит на нивното опстојување преку старо-нови хитови. Крајот го одбраа за „Колку ми значиш“ и „Вистински“, но публиката не им дозволи да си заминат, бараше уште и уште, на што „Ареа“ има ја исполни желбата со „Сите мои слики“.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2024/04/area-koncert-1-photo-vangel-tanurovski_mms-1024x555.jpg)
Браво за „Ареа“ кои навистина ја заслужуваат полната сала. Браво за сите членови, но и на придружниот вокал, Елена, ќерката на Ружица и Ивица, која беше на висина на задачата. Но, и за четирите членки на Филхармонија, од кои две видовме на виолина, а две на виолончело.
![](https://mms.mk/wp-content/uploads/2024/04/area-koncert-11-photo-vangel-tanurovski_mms-1024x689.jpg)
Секако браво и за Ружица и нејзината енергија!
„Девојче, остани таква“, беше коментарот на публиката.
Весна Миленковска
Фото: Вангел Тануровски
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)