Акутелната градоначалничка на Град Скопје и претседател на Нова алтернатива, Данела Арсовска, во денешното гостување на „Стадион“ на Канал 77 рече дека битката на политичката сцена е немилосрдна, бидејќи најчесто противниците сопствениот неуспех се обидуваат да го префрлат на некој друг.
Без оглед на законите креирани во полза на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, како мал политички субјект немаме страв да излеземе и да се соочиме со нашите граѓани, бидејќи само на овој начин можеме да ги тестираме нашите политики.
- На избори одиме сами за да го потврдиме својот легитимитет. Да видиме дали нашите политики се препознаени кај граѓаните и дали се прифатени. За овие избори имаме буџет од само 8.000 евра, за разлика од фаворизираните политички субјекти кои имаат на располагање буџет од 9 милиони евра. Сепак, немаме страв да се соочиме и да им кажеме дека е крајно време да престанат со злоупотреба на нивната да власт да креираат законите за да имаат неограничен мандат на власт и никогаш никој да не може да ги промени од тронот, истакна Арсовска.
Како што кажа таа, самоволното носење на одлуките како отворање на уставот и промена на името, се политики кои сведочат дека се разботи за ненародна власт и работење за туѓи интереси.