На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопшти вечерва за агенцијата Бета локалната метеоролошка станица.
Дежурниот метеоролог Милан Дубовац изјави дека врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Тој додаде дека температурата е минус три степени Целзиусови и оти моментално дува ветер од северен правец со брзина и до три метри во секунда