Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во нејзината нова улога на истражен орган продолжува со истите прашања на кои веќе им одговорив на граѓаните. Играта на Данела за пласирање лажни информации за реконструкцијата на Универзална сала и заплашување на граѓаните со манипулативни тврдења треба да престане. Не е доцна да почне да ја работи својата работа за која скопјани и ја дадоа поддршката, реагира на Фејсбук министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
„Процесот на преземањето надлежности за Универзална сала од Град Скопје, Министерството за култура го направи со потпис од мене и градоначалничката Арсовска.
Реконструкцијата се одвива според законска процедура и според проектот кој Арсовска ни го предаде во документацијата, цитиран во Договорот потпишан од неа.
На градоначалничката која имаше можност две години да започне со реконструкција на Универзална сала и порачувам да почека да заврши истрагата и да води кампања на друга тема, а во меѓувреме наводните упади во системот на Бирото за јавни набавки да ги пријави пред надлежните органи. Нека ги заштити сопствените профили бидејќи Арсовска е првата која обвинува за упад од кога е воведен системот за јавни набавки.
Нема да дозволам нејзините неуспшни политики и разочарувањето кај граѓаните од нејзиното неработење да ги покрива со манипулации и лаги за Универзална сала“, вели Костадиновска Стојчевска.