МВР секојднево информира за акциите од областа на сообраќајот низ целата држава. Последната акција, која МВР ја направи вчера, покажува дека кај нас сообраќајната култура не е на завидно ниво, особено во делот на брзото возење.
-Во текот на вчерашниот ден (14.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 715 возачи. Од нив 55 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 336 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 379 надвор од населено место, информираат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.