МВР информира за крадец од Кавадарци, кој се обидел да украде пари од филијала на банка во Скопје.
-На 11.04.2024 околу 03.00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, со живеалиште во Скопје. Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба” во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром. Лицето било задржано во Полициската станица Аеродром и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.