Силвестер Сталоне се соочува со сериозни обвинувања дека ги омаловажувал и ги навредувал другите актери на снимањето на серијата „Кралот на Тулса“.
Наводно, тој ги исмејувал колегите за нивниот физички изгледа и ги нарекувал со погрдни имиња.
Како што пишува Си-ен-ен, студиото Парамаунт ги истражува тврдењата дека славниот Роки наводно ги навредувал и бил непријатен со колегите на снимањето на серијата „Кралот на Тулса“. Студиото ги истражува тврдењата кои првпат се појавија на социјалните мрежи во кои актерот е обвинет дека некои статисти на сетот на телевизиската серија ги нарекувал „грди“, „буре со маснотии“ и „дебел лик со стап“, според два извори блиски до шоуто.
– Донеси убави млади девојки да бидат околу мене – наводно му рекол Сталоне на режисерот на серијата „Кралот на Тулса“, како што пишува во објава на социјалните мрежи.
Сите наводи и објави потекнуваат од група на Фејсбук за искуствата на актерите на снимањето на споменатата серија, а станаа јавни кога беа споделени на Твитер од телевизиската писателка Џули Бенсон.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)