Пет патнички возила се зафатени со пожарот што избувна попладнево на поранешниот полигон за полагање возачки испити под Кале, а во неговото гаснење се вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Томевски вели дека интервенцијата на пожарникарите е при крај.
-Пожарот е локализиран и спречено е ширење на соседните возила. Причинета е само материјална штета, рече Томевски
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...