На носителот на листата на ВМРО ДПМНЕ во Изборната единица 3, Драган Ковачки со останатите од листата првата активност од првиот ден од предизборната кампања за Претседателските избори и неформалниот почеток на кампањата за Парламентарните избори, го почнаа од седиштето на Брегалничката Епархија.
Ковачки заедно со Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на партијата во Собранието и број два на листата во придружба на неколку други кандидати за пратеници заминаа на средба со Митрополитот Брегалнички Иларион, како што соопштија по благослов.
-За нас претставува огромна чест што имаме средба со Митрополитот. Тука сме за да побараме благослослов, рече Ковачки.
ВМРО ДПМНЕ кампањата ја почнува вечерва со митинг пред Владата, како што рече Ковачки да се даде поддршка на нивниот претседателски кандидат, Гордана Силјановска Давкова.