Форбс ја објави својата листа на милијардери за 2024 година, а младата пејачка Тејлор Свифт се искачи на 14-то место со богатство од 1,1 милијарда долари.
Нејзината турнеја Ерас е со најголема заработка досега и прва која надмина милијарда долари приход, придонесе за ова. Тука е секако и огромната заработка од нејзините шест албуми, а таа е една од ретките што тоа го постигнала само преку музика.
Џеф Безос пред еден месец ја врати титулата најбогат човек на светот, претекнувајќи го Илон Маск, според индексот на милијардери на Блумберг. Нетото богатство на основачот на Амазон беше 200 милијарди долари, а на Маск се проценува на околу 198 милијарди долари.
Маск ја врати титулата најбогат човек на светот во мај 2023 година, детронизирајќи го извршниот директор на LVMH (LVMHF), Бернард Арно, кој е на чело на еден од најголемите светски конгломерати кој вклучува брендови како Луј Витон, Диор и Селин.