Не треба да се доведеме во ситуација „од гранките да не можеме да ја видиме шумата“, потребно е да се зафатиме со суштината и со реалноста, која подразбира враќање на правната држава и владеење на правото, бидејќи не постојат маѓични решенија за економските проблеми, туку системски и структурни реформи, алармира професор д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во денешното издание на емисијата “Стадион” на Канал 77.
- На земјава и треба рамномерен развој по примерот на Словенија. Ова значи развој на концепти кои ќе делуваат кон подобрување на продуктивноста на земјоделскиот сектор, но и спроведување на стратегија за тоа како субвенциите да ја зголемат продуктивноста и на кој начин да се задржат луѓето во руралните средини. Извозот мора да биде еден од приоритетите на државата затоа што тој е единствената алтернатива за одржлив развој бидејќи македонската економија е мала и отворена. Искуството на брзорастечките земји кои во изминатиот период направиле голем прогрес во делот на подобрување на перформансите на извозните компании, укажуваат дека државата е активен чинител, потенцира Лазаров.
Професор д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип гостува во денешното издание на емисијата “Стадион”, разговорот во живо на линкот подолу.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)