Штедењето на парите понекогаш може да изгледа како вистински предизвик, но со малку дисциплина и планирање може да си обезбедите безгрижна финансиска иднина.
Со вас споделуваме правила кои може да ви помогнат при штедењето:
Трошете помалку отколку што заработувате
Најважната работа која треба да си ја поставите како свој цел е да имате контрола над финансиите. Потребно е секогаш да водите сметка и на крај да не трошите оноколку колку што заработувате,затоа што така секогаш ќе може да заштедите. Секако, тоа бара да направите и реален буџет, а при тоа во предвид ќе треба да го земете и својот стил на живот, вклучувајќи ги и своите мали задоволства. На овој начин, сѐ ќе ви изгледа како планирање, а не како задача.
Применувајте го принипот 50-30-20
Како добар начин за да заштедите пари секогаш може да се покаже и принципот 50-30-20. Според овој принцип, 50 отсто од приходите ќе одат за основни трошоци, како што се сметки, кредит, храна и здравствени трошоци. Тоа се трошоци кои не можете да ги избегнете, бидејќи всушност се дел од секојдневната рутина на секој човек.
Потоа, 30 отсто претставуваат трошоци за оние работи кои не се неопходни, но може да ви донесат удобност и радост: одмор, облека, шминка, како и други забавни активности.
Конечно, 20 проценти претставуваат парите кои се наменети токму за заштеда.
Купувајте ги сами оние работи кои ви носат вредност
Трудете се колку што можете повеќе да избегнете трошење на работи кои се само повремени и на кои нема да се сетите за неколку дена, како на пример блуза која никогаш нема да ви користи. Влоежете во оние искуства кои ве прават среќни. Целиот овој процес од вас ќе бара ригорозна селекција и внимателно носење на одлуките, а исто така на овој начин и подобро ќе се запознаете себеси.
Однос кон парите
Парите се важни за сигурна и удобна иднина. Би требало да размислите и да ги модифицирате ограничувачките уверувања врзани за парите со тоа што ќе го почитувате своето време, но и својата работа.
Поставете си јасни цели
Независно дали се работи за штедење на пари за одмор или пак сакате да заштедите за да се едуцирате, секогаш поставувајте си јасни и мерливи цели, поврзани со контекстот во кој се наоѓате во одредена фаза од животот. Овие јасни и реални цели ќе ви помогнат да останете мотивирани и своите трошоци да ги држите „под конец“.