Интуицијата е важна и голема внатрешна сила на секој човек. Да ѝ верувате на својата интуиција значи да им дадете важност на вашите внатрешни чувства и убедувања. Бидете внимателни и не мешајте ја интуицијата со импулсивноста. Интуицијата е мирна и цврста, додека на импулсивноста може да влијаат силните емоции.
Интуицијата е моќно средство за носење одлуки, а психолозите укажуваат кога е добро да се потпрете на неа:
Кога мора да донесете важна одлука
Интуицијата ви помага да го изберете она што навистина е важно за вас, а кога морате да направите голем чекор во животот, како што е на пример изборот на кариера, добро е да се слушате себеси.
Кога ќе почувствувате немир
Ако чувствувате анксиозност, послушајте ја својата интуиција! Тоа ќе ви помогне да ја донесете вистинската одлука во врска со вашето расположение. Кога се чувствувате исцрпено, тогаш интуицијата делува како филтер кој ви помага да се фокусирате на она што ви е навистина важно. Кога ќе бидете преоптоварени, потпрете се на тоа и одлучете да го правите само она што го чувствувате.
Кога ќе излезете на прв состанок
Првите впечатоци може да излажат, но ако чувствувате дека личноста која штотуки сте ја запознале не е таква како што изгледа, слушајте го своето внатрешно чувство. Според психолозите, интуицијата открива суптилни траги за вистинскиот карактер на луѓето.
Кога ви е загрозено здравјето
Кога вашата интуиција ви говори дека здравјето ви е загрозено, би било добро да ја послушате и да направите неколку лекарски прегледи додека не ја добиете вистинската дијагноза.
Кога имате морална дилема
Понекогаш во животот поминуваме низ моменти кога доброто и лошото изгледаат како да се замаглени. Во овие ситуации, од суштинско значење е да ја слушате својата интуиција и да се раководите според неа, бидејќи таа е поврзана со вашите вредности и принципи. Не заборавајте, интуицијата е огледало на вашата душа.
Извор: sensa.mondo.rs