Македонската метална и металопреработувачка индустрија се соочува со потешкотии, како последица на неможноста веќе да се купува евтина суровина од Русија, додека земјите како Србија и Турција кои немаат санкции кон Русија, слободно увезуваат метална суровина од руско потекло. Најмногу се погодени погоните кои работат со трудоинтензивни и нископрофитабилни дејности.
Од велешката фабрика „БРАКО“, најголемиот производител на жица во Југоисточна Европа, велат дека се соочуваат со проблем само во една програма – производството на жица, додека високотехнолошките производи, како возилата за чистење, медицинска опрема и големи метални конструкции, работат одлично.
„Српската и турската готова жица и производи од жица се продаваат на пазарот по цена која е пониска и од самата наша суровина која ние ја купуваме за да произведеме жица. Тие и натаму купуваат од Русија, ние мораме да купуваме од Италија, Грција и од Босна, од тамошните железари, кои се поскапи. Со таква конкуренција не може да се борите. Во ‚БРАКО’ веќе е неисплатливо да се произведува жица, и ќе продолжиме да произведуваме само високотехнолошки производи со висока додадена вредност“, вели Орце Давчев од БРАКО, кој е и претседател на Здружението за метална и електро индустрија при Стопанската Комора.
Дури 98 отсто од производите „БРАКО“ ги продава на пазарот во Западна Европа и во САД, но и низ целиот свет во вкупно 60 држави.
Целиот тект прочитајте го на фактор.мк тука.