„Злато на тато, тато ќе те најде! Свету мој мал!”
Со овие зборови првпат проговори Милош Илиќ, таткото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), откако на социјалните мрежи е во тек потрагата по неговата ќерка.
Потрагата по Данка траеше цела ноќ, при што температурата во Бор и неговата околина се спушти на само 6 степени Целзиусови, додека дождот за кратко престана. Припадниците на Планинарската спасувачка служба објаснија дека во нормални околности тоа се добри услови за потрага, но дека секоја минута е важна бидејќи се уште се работи за двегодишно девојче, пренесува блиц.рс.
Синоќа хеликоптери заедно со дронови летале и покрај темницата и го пребаруваа теренот со термални камери. Над местото каде што исчезна Данка Илиќ има пат до шума која не е густа, но во која има многу густа вегетација.
Малата Данка Илиќ (2) исчезна во вчера околу 13 часот во приградската населба Бањско поле кај градот Бор. Потрагата по девојчето се уште трае, а како што соопштија од полицијата, акцијата траела цела ноќ.
Имено, како што изјави за „Блиц“ мајката на девојчето, таа била со синот во Бањско поле кога девојчето исчезнало.
- Детето беше облечено во виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, со врзана коса. Одговара на името, но сеуште е мала, уште не зборува. Луѓето пријавиле дека е видена во близина на зграда, но ја нема – изјавила во првата изјава преплашената мајка на девојчето.