Влатко Лозаноски-Лозано го објави новиот сингл „Бариера“. Станува збор за модерна поп-песна со брз ритам.
Тимот е познат и признат – Лазар Цветкоски, автор на музиката и на аранжамнот и е продуцент, а Магдалена Ена Цветкоска го напиша текстот. Спотот го снимаше продукцијата „Урбан рекордс“.
Лозано објави дека „Бариера“ е на неговиот јутјуб канал, а наскоро ќе биде и на сите останати музички платформи.
„Се надевам дека и оваа песна ќе биде дел од вашите плеј-листи“, вели Лозаноски.