Пријава за разбиена врата на канцеларијата на градоначалникот на Виница ви општинската зграда е регистрирана во Полициската станица Виница во понеделникот на 18.03.2024 година во 09.30 часот. Од општина Виница било пријавено дека со употреба на сила било влезено во зградата на општината и во канцеларијата на градоначалникот на општина Виница.
-Било извршено пребарување, но не било одземено ништо. Настанот се случил во периодот од 15.30 часот на 15.03.2024 до 07.30 часот на 18.03.2024 година, стои во пријавата, сооопшти СВР Штип.
За случајот е запознаен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Виница.
Градоначалникот на Виница, Миле Петков ни изјави дека лицето што влегло им е познато и идентификувано.
-На камерите се гледа лицето како влегува во зградата и канцеларијата, таму седи околу два часа. Го ставил телефонот на полнење и го заборавил. Се работи за лице со психички нарушувања, изјави градоначалникот Петков.
Како што ни објасни градоначалникот, во општинската зграда се изведуваат градежни работи за поставување на лифт и обезбедувањето сметало дека е еден од работниците и така непречено натрапникот се движел низ зградата, за да стигне до градоначалничкиот кабинет. Откако поседел два часа, си заминал. Освен разбиената врата, нема друга штета.
В.К.