Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс (САД).
Србинот ноќеска во третото коло загуби од Италијанецот Лука Нарди во три сета – 4:6, 6:3, 3:6.
Противник на Нарди кој е 123-та на светското рангирање, во четвртото коло на турнирот ќе биде Американецот Томи Пол.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 9,2 милиони долари.
Пред мечот Нарди за медиумите изјавил:
“Мислам дека тоа е едно од најдобрите искуства што човек може да го доживее, особено за некој млад како мене. Го имам постерот на Новак во мојата соба, па можете да разберете. Можете да замислите колку е возбудливо ова искуство”, изјавил Лука Нарди пред дуелот.
Но, откако го победи Ноле тој ни сам не веруваше што му се случило.
„Мислам дека никој досега не слушнал за мене до вечерва. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Многу сум задоволен. Не знам, луѓе. Навистина не знам. Мислам дека ова е чудо. Имам 20 години и сум 100 позиции подолу од Новак кој го победив. Лудо“, изјави Нарди по мечот.
Certainly living in the moment 🤣@Luca___Nardi #TennisParadise pic.twitter.com/ZMk4scTnkv
— Tennis TV (@TennisTV) March 12, 2024
На прес-конференцијата по натпреварот, тој беше целосно изгубен. Кога новинарите го прашаа што мисли за неговиот следен противник Томи Поло, збунетиот Нарди призна дека не ни погледнал кој му е противника, бидејќи не верувал дека може да го победи Ноле.
“Томи Пол, што? Играм против него? Навистина? Не знам, не ја проверив ждрепката, благодарам што ме известивте”, беше искрен Италијанецот.
Неговата изјава ги насмеа присутните во салата.