Застрашувачки прекршоци во нашиот конзулат во Битола, изјавила вицепремиерката Марија Габриел пренесува Њуз.бг.
Вработената Весна Котевска, која според Ангел Георгиев, била назначена за хигиеничар, извршила разговори со кандидати за бугарско државјанство. Како резултат на тоа, имало многу одбивања.
Марија Габриел назначила проверка во дејноста на конзуларната служба која покажала системски прекршувања. А за чистачката, министерката објаснила дека повеќе нема пристап до архивата и конзуларното претставништво.
-Немаше докази дека таа правела интервјуа за бугарско државјанство. Сепак, откриените прекршувања се недозволиви, категорично изјавила Марија Габриел.