Македонската машка кошаркарска репрезентација ќе има голема поддршка од трибините на воведниот евроквалификациски дуел вечерва против Естонија во Скопје, откако сите билети за дуелот во СРЦ „Кале“ се продадени.
„Билетите за натпреварот Македонија – Естонија во рамки на квалификациите за Евробаскет 2025 се распродадени. Вратите на СРЦ Кале, за сите оние кои успеаја да купат билет, ќе бидат отворени од 18:00 часот.“, соопшти попладнево македонската кошаркарска Федерација.
Почетокот на натпреварот е закажан за 19:00 часот.
Дуелот е во рамки на квалификациската група Х во која Литванија вчера во премиерниот натпревар ја совлада Полска на домашен терен со 83-64
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...