„Не се работи за никаква саботажа во Министерството за внатрешни работи. На самиот ден на примопредавање на функцијата во МВР пристигнаа 50.000 пасоши, минатата недела пристигнаа уште 20.000 пасоши, во четврток или петок треба да добиеме некоја бројка од 100.000 пасоши и наредната недела уште 120.000 пасоши. Со тие обрасци кои стигнаа и овие кои што ќе дојдат се задоволува потребата на МВР да излезе во пресрет на граѓаните и им ги издаде документите кои што им се потребни до следната пратка од 300.000 обрасци кои ќе пристигнат во месец јуни,“ рече дополнителниот заменик-министер на МВР во техничката влада, Митко Бојмацалиев во вестите на ТВ21 во врска со обрасците за пасоши и информацијата дека недостигаат обрасци за истите.
„Нигде во дописот на Европската Унија се вели дека граѓаните може да патуваат. Таму пишува дека треба да се изнајде решение, а во моментов сите земји членки да одлучуваат самостојно, бидејќи Република Грција ги има известено, а од нас нема никакво известување. И има прашање до нас, уште колку време ни е потребно за промена на патни исправи,“ рече дополнителниот заменик-министер на МВР во техничката влада, Митко Бојмацалиев во вестите на ТВ21, во врска со пристигнатиот допис од ЕУ и претходно дадената изјава од страна на техничкиот министер Тошковски дека ЕУ нема да прави проблем за патување со пасоши со старото име на државата.