Илина и Ева Соколовски се македонска спортска гордост, а тој епитет заслужено го добија, бидејќи скоро една деценија носат само металји во ритмичка гимнастика во Германија. Доказ за тоа дека Македонија навистина треба да се гордее со нив е и последниот натпревар каде Илина освои злато, а Ева бронза.
Овој викенд Илина и Ева се натпреварува во Верл, во Северна Вествалија на натпреварот Gaumeisterschaften 2024, кој е турнир со традиција. Иако имаа силна конкуренција, сепак, Илина(17) освои првото место, додека Ева(14) го освои третото место .
Но, и двете немаат време да се израдуваат на медалјите, бидејќи нивната победничка мисија продолжува понатаму, на интернационални натпревари.
Илина овој турнир го мета како згревње, бидејќи идната недела заминува на еден од најголемите турнири по ритмичка гимнастика во Естонија, додека Ева на овој турнир ги комплетираше новите кореографи со кои ќе настапи на јуниорскто Балканско првество по ритмичка гимнастика кое ќе се одржи во Босна. Двете на овие интернационални натпревари ќе ја претставуваат Македонија.
Освен тоа Илина со голема помош од Макдонската федерација за гимнастка на чело со претседателот Љупчо Арнаудов, ќе ја преставува Македонија на Европско првенство по ритмичка гимнастика во сениорска конкуренција, кое ке се одржи во од 20-26 мај во Будимпешта.
-Заминувам за Естонија свесна е дека ќе се натпреварувам со елитата по ритмичка гимнастика. Посакувам секако, но не окекувам да се случи нешто поголемо. Сакам само да си измерам силите со најдобрите со моите нови кореографии и едноставно да ми биде подготовка за настап на Европското првенство во Будимпешта, вели Илина.
Овие две македонски сонца со родителите живеат и растат во Германија. Иако се со македонски пасош Германија се гордее што ги има, бидејќи и двете нижат само успеси, а Илина и поради резултатите и поради талентот веќе се натпреварува во Бундес лига. Од минатата година Илина и Ева почнаа да ја претставуваат Македонија на интернационални натпревари. Нивниот сон е еден ден да ги бранат боите на македонското знаме на Олимпијата.