Триесет и двегодишен маж од Македонија е убиен во саботата околу два часот по полноќ во германскиот град Есен.
Весникот „Билд“ објави дека тој претепан до смрт од страна на двајца Еритрејци на возраст од 25 и 29 години, откако претходно имале вербална расправија. Tие го удирале со раце и нозе, а во тепачката употребиле и пивско шише, по што македонскиот државјанин се онесвестил.
По претепувањето, двајцата Еритрејци побегнале од местото, упатувајќи се кон главната железничка станица. Случаен минувач се обидел да го реанимира повредениот, но било предоцна.
Портпаролот на полицијата изјавил дека повредениот бил однесен во болница, каде поради сериозноста на повредите по кратко време починал.
Резултатите од обдукцијата покажале дека причина за смртта е повреда од тап предмет. Случајот го испитува Јавното обвинителство во Есен, но засега е нејасно која е причината за расправијата меѓу тројцата мажи.
Инаку, полицијата веќе ги лоцирала и уапсила осомничените. Едниот од нив е фатен на железничката станица во Есен, а другиот во Милхајм.