Македонска планинарска експедиција вчера во 9.15 часот по локално време го освои врвот Аконкагва во Аргентина.
Клубот I Love Hiking објави и фотографии на кои се гледа развиореното македонско знаме на височина од 6962 метри.
Експедицијата ја сочинуваат Зоран Успрцов од Штип, Филип Христов од Скопје, Зоран Николов од Штип, Лазе Миновски од Скопје. Водачи на тимот биле Зоран Павловиќ од Предејане и Владо Горгевиќ од Врање.
-Нашиот Фичо повторно на некој од крововите на континентите на нашата “Земја”. Овој пат искачен највисокиот врв на Јужна Америка – Аконкагва 6962м, каде за прв пат се вее и нашето клубско знаме, заедно со знамето на Македонија. Во збор два со него, многу експедиции не успеале да стигнат на врвот и многумина се откажале но не и нашите тврдокорни македонци кои утринава стапнаа на врвот Аконкагва! Не биле спречени од “Ветерот” и минусните температури. Со многу напор како што вели тој, се најдовме горе, велат од клубот.
Аконкагва е највисокиот врв во Аргентина, Америка и највисок врв надвор од Азија со висина од 6.962 метри надморска височина. Врвот се наоѓа на планинскиот венец Анди, на територијата на денешна Аргентина во близина со чилеанската граница, односно на 15 километри од самата граница. Аконкагва е највисок врв во западната и јужна полутопка.
Аконкагва и регионот околу врвот се ден од Покраинскиот парк Аконкагва. Самата планина има доста голем број леднички езера, од кои најголемо е Вентискверо Хорконес Инфериор.