Македонските закони се повеќе го стегаат обрачот околу физичките обложувалници. Па така, сега по се изгледа истите ќе треба да бидат оддалечени барем 500 метри од училиштата. Затоа, се повеќе македонски играчи покажуваат интерес за платформите за онлајн обложување.
Користењето на овие платформи е дозволено, а како што можат да потврдат многу играчи и многу практично. Доколку сте нов во оваа област и сакате да се снајдете на платформите за онлајн обложување, следете го нашиот водич за македонските играчи.
Изберете сајт за обложување со добар углед
Буквално стотици платформи за онлајн обложување им се достапни на нашите играчи. Секако, не сите од нив се исти. Најважно за новите играчи е да одберат сајт со добар углед.
На пример, добрите опции се секогаш лиценцирани. Тие имаат лиценци од познати тела кои се фокусирани на оваа работа. На пример, познатиот сајт bet365 mk кој е достапен на македонските играчи има неколку лиценци вклучувајќи ги и оние од агенциите одобрени од властите во Велика Британија и Малта (UKGC и MGA). За истиот пример ќе напоменеме и дека има и безбедносен сертификат од независното тело еКогра.
За да утврдите дали некоја платформа од овој вид е од доверба, треба да направите истражување. Наш предлог е да посетите некои од страниците посветени на пишување рецензии за платформи за онлајн обложување. Секако и тие страници треба да бидат угледни. Дополнително, прочитајте што пишуваат останатите играчи во своите кориснички рецензии на форумите, дискусионите групи и социјалните медиуми.
Осигурајте се дека ги разбирате коефициентите и опциите за обложување
Повеќето од вас знаат што значат коефициентите како на пример 1.5 или 3.5. Во првиот случај, изборот на облог со ваков коефициент значи дека имате солидно шанси за добивка додека во другиот облогот е ризичен, но носи повисока потенцијална добивка.
Примерите што ги наведовме се однесуваат на т.н. децимални коефициенти. Постојат и фракциски и американски коефициенти. Нема да биде лошо да ги научите и овие видови бидејќи некои сајтови за обложување се фокусираат на нив.
Дополнително, треба да бидете сигурни дека ги разбирате опциите за обложување. Дали знаете што е азиски хендикеп? Сте се обложувале ли на прв дава гол или слично? Добрите платформи обично имаат листа на термини со објаснување. Добро е да обрнете внимание на овие податоци пред да преминете во акција.
Конечно, одвојте малку време да проверите кои спортови се покриени на сајтот кој сакате да го користите. Покрај спортот кој го сакате, без разлика дали е тоа фудбал или кошарка или слично, добро би било да имате и други опции бидејќи никогаш не се знае кога некоја од опциите за обложување ќе ви стане интересна.
Внимавајте на буџетот
Сите би сакале да имаме неограничен буџет и да трошиме колку што сакаме, но реалноста е поинаква. Користењето на платформите за онлајн обложување значи вложување ваши средства.
Наш совет е овие средства да ги ставите под ставката “забава” во вашиот генерален месечен буџет. За да дојдете до големината на буџетот за онлајн обложување, запрашајте се колку пари може да потрошите на овој вид забава без тоа да влијае на вашиот секојдневен живот. Тоа не значи дека сите вложени пари на обложување ќе ги изгубите, но добро е да бидете спремни на секакви сценарија.
Откако ќе го утврдите буџетот, држете се до него. Исто така, добро е да ги следите добивките и загубите. Само така може да бидете сигурни дека се држите до одговорно обложување.
Користете ги бонусите и промоциите
Нема сомневање дека бонусите и промоциите ги прават платформите за онлајн обложување многу поатрактивни од нивните физички верзии. Македонските играчи кои сакаат да користат бонуси и промоции треба да се запознаат со нивните различни видови.
На пример, постојат бонуси за добредојде (за нови играчи) кои ја дуплираат вашата прва уплата. Има и понуди како бесплатни облози или бонус за повторна уплата создаден за постоечки играчи.
Понатака, секогаш треба да ги прочитате правилата и условите поврзани со овие понуди за да ја дознаете нивната вредност. Обрнете посебно внимание на обртните барања и ограничувањата во поглед на највисока добивка, времето потребно да се постигнат обртните барања како и спортовите/игрите на кои се однесува бонусот.
Најдобрите бонуси на сајтовите за обложување се оние кои му даваат фер шанса на играчот да ја повлече добивката откако ќе го искористи бонусот.